
Барселона стигна и до третата победа во групата од ЛШ и со девет бода е на добар пат за пласман во нокаут фазата. Во тимот на Чави недостигаа голем број повредени фудбалери, но, сепак, каталонскиот состав успеа да победи со 2-1 против Шахтјор Доњецк на домашен терен.
Феран Торес во 28.минута обезбеди водство, а Фермин Лопез зголеми на 2-0 во 36.минута.
Георгиј Судаков намали за Шахтјор Доњецк во 62.минута, но украинскиот тим немаше сили за израмнување.
Феенорд го победи Лацио со 3-1. Сантијаго Хименез и Ремиз Зеруки донесоа водство од 2-0 по првиот дел. Хименез беше стрелец и на третиот гол за Феенорд, а почесниот погодок за Лацио го постигна Педро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
