
Портгалскиот ас Кристијано Роналдо стигна до 137 гола во Лигата на шампионите, испорача два против Аталанта во Бергамо и го спаси Манчестер Јунајтед од пораз (2-2) во Италија. Првиот го постигна на самиот истек од првото, а вториот на истекот од натпреварот. Аталанта двапати имаше водство, преку Иличиќ во 12.минута и Запата во 56.минута.
Баерн Минхен ја декласира Бенфика со 5-2, а блескаше Роберт Левандовски. Тој постигна хет – трик, а покрај тоа не реализира и пенал. Гнабри и Сане ги додадоа головите до „петката“ на германскиот првак.
Ансу Фати му ја донесе првата победа на Серхи Бархуан на клупата на Барселона, на дебито во Лигата на шампионите. Каталонскиот тим славеше минимално против Динамо Киев на гости со 0-1.
Јувентус игра одлично во ЛШ, иако не му оди најдобро во Серија А. „Старата дама“ стигна до четвртата победа во исто толку натпревари, совладувајќи го Зенит во Торино со 4-2. Дибала беше двоен стрелец, а погодија и Мората и Киеза.
Вилјареал го совлада Јанг Бојс со 2-0, а Севилја загуби дома од Лил со 1-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
