Connect with us

ЛШ: Реал ќе игра против Атлетико, ПСЖ налета на Ливерпул

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги одреди двојките за осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион, Реал Мадрид, кој повторно се смета за главен фаворит за трофејот, во оваа рунда ќе се соочи со градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Интересна е пресметката и меѓу Пари Сен Жермен и Ливерпул. Ќе има и германски дуел меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Првите натпревари ќе се одиграат на 4 и 5 март, додека реваншите се закажани за 11 и 12 март.

Двојки за осминафиналето во Лигата на шампионите
🔹 ПСЖ – Ливерпул
🔹 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
🔹 Феенорд – Интер
🔹 Борусија Дортмунд – Лил
🔹 Клуб Бриж – Астон Вила
🔹 ПСВ – Арсенал
🔹 Баерн Минхен – Баер Леверкузен
🔹 Бенфика – Барселона

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови