Connect with us

ЛШ: ПСЖ со супер-пресврт го победи Сити, Реал и Арсенал убедливи дома, дебакл за Баерн (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен оствари важен триумф (4-2) против Манчестер Сити во Париз, откако направи голем пресврт во вториот дел. „Граѓаните“ водеа со 0-2, со головите на Џек Грилиш во 50.минута и на Ерлинг Халанд во 53.минута, но потоа ПСЖ постигна четири гола.

Дембеле и Баркола донесоа израмнување, Жоао Невеш се погрижи за пресврт, а Гонсало Рамош го потврди триумфот во судиското продолжение.

Реал Мадрид доминираше против Салцбург и победи со 5-1. Бразилците Родриго и Винисиус Жуниор постигнаа по два гола, а погоди и Килијан Мбапе откако ја одзеде топката од противничкиот голман. Единствениот гол за Салцбург беше дело на Будструп во 85.минута.

Арсенал и Динамо Загреб по една деценија повторно се сретнаа во европската елита, а на „Емирати“ нов триумф оствари премиерлигашот. Натпреварот заврши со резултат 3-0, а со освоените три бода „топчиите“ ја постигнаа првата зацртана цел во Лигата на шампионите – директен пласман во осминафиналето. Динамо Загреб го забележа третиот пораз и значително ги намали шансите за пласман во плеј-офот, бидејќи падна на 26-то место, а во последното коло ќе се соочи со Милан на гости. Головите за Арсенал ги постигнаа Деклан Рајс, Каи Хаверц и Мартин Одегард.

Феенорд му нанесе тежок пораз на Баерн Минхен совладувајќи го со 3-0. Сантијаго Хименез беше двоен стрелец, а погоди и Уеда.

Милан ја победи Џирона со 1-0, со голот на Рафаел Леао во 37.минута, а и Интер славеше минимално на гости (0-1) кај Спарта Прага, со погодокот на Лаутаро Мартинез во 12.минута.

Фудбалерите на Селтик продолжуваат со одличната форма во Лигата на шампионите. Шкотскиот шампион останува непоразен пет кола по ред, а со вечерашната победа над Јанг Бојс и математички обезбеди пласман во плеј-офот. На „Селтик Парк“ домаќините славеа со минимален резултат од 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Бенито, кој несреќно ја смести топката во сопствената мрежа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови