Францускиот првак Пари Сен Жермен оствари сигурен триумф (3-0) против Милан во најинтересниот меч од вечерната програма во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе го најави триумфот, Коло Муани зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело Ли Канг-Ин.
Ерлинг Халанд постигна два гола во победата (1-3) на Манчестер Сити на гости против Јанг Бојс.
Мануел Аканџи во 47.минута донесе водство за европскиот првак, Мешак Елија израмни само пет минути подоцна, но потоа на сцена стапи Халанд. Норвежанецот реализираше пенал во 67.минута, а потоа постигна уште еден погодок во 86.минута од дуелот.
Лајпциг ја победи Црвена Звезда со 3-1. Давид Раум погоди во 12.минута, а Чави Симонс испрати проектил за 2-0 во 59.минута. Црвена Звезда намали преку Марко Стамениќ во 70.минута, но Дани Олмо ги разреши дилемите со голот во 84.минута за конечни 3-1.
Борусија Дортмунд го изненади Њукасл на Островот и победи со 0-1. Феликс Нмеча беше стрелец на победничкиот гол во 45.минута од натпреварот.
Порто го победи Антверпен на гости со 1-4. Белгискиот тим имаше водство од 1-0 по првиот дел, со голот на Јусуф, а потоа му се случи потоп. Еванилсон постигна хет-трик, а погоди и Еустакио.
Селтик и Атлетико Мадрид одиграа 2-2. Фурухаши и Палма стрелаа за домаќинот, а Гризман и Мората погодија за шпанскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













