
Манчестер Јунајтед е „жив“ во Лигата на шампионите откако со многу мака го победи Копенхаген со 1-0. Хари Мегваер беше стрелец на единствениот гол во 72.минута, а Андре Онана во 96.минута одбрани пенал. Тој го скроти ударот на Ларсон од 11 метри и го сочува триумфот на „ѓаволите“.
Елиф Елмас одигра едно полувреме, а Наполи славеше на гости против Унион Берлин. Стрелец беше Распадори во 65.минута.
Реал Мадрид продолжи со максимален ефект откако ја победи Брага со 1-2. Родриго и Белингам погодија за „кралевите“, а Џало стрелаше за Брага.
Арсенал ја победи Севилја на гости со 1-2. Мартинели во финишот на првиот дел го отвори резултатот, а Габриел Жесус зголеми на 0-2, а Гудељ само намали.
Реал Сосиедад стигна до триумф од 0-1 на гостувањето кај Бенфика, а Ленс и ПСВ одиграа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
