Баерн Минхен го пречекува Манчестер Сити на „Алијанц Арена“ со застрашувачка задача да ја анулира негативата од три гола за да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Англискиот првак пред една недела ги надигра Баварците на „Итихад“ и по успехот од 3-0 со едната нога во следната фаза.
Тешкиот пораз ги зголеми тензиите во Баерн, кои прераснаа во кавга меѓу Мане и Сане, која заврши со тупаница за германскиот интернационалец во лицето. Така, Томас Тухел се најде во прилично компликувана ситуација неочекувано набргу откако го замени Џулијан Нагелсман како тренер на Баерн.
Баварците викендов не успеаја повторно да победат откако ремизираа 1-1 со Хофенхајм во Бундес-лигата. Тухел има само две победи во првите пет натпревари на чело на тимот.
Германскиот шампион забележа само една чиста мрежа на тие натпревари.
Само четири екипи во целата историја на Лигата на шампионите успеале да го елиминираат својот противник откако го загубија првиот натпревар со три или повеќе гола разлика. Последното вакво достигнување Ливерпул го забележа во 2019 година по познатиот пресврт против Барселона.
Во Манчестер Сити сѐ изгледа многу помазно и тимот на Пеп Гвардиола е во најдобра форма во најважниот дел од сезоната. Во саботата „граѓаните“ го победија Лестер со 3-1. Тоа беше десетти последователен успех за „небесносините“ и 14. последовен меч без пораз.
Шампионите, исто така, продолжуваат да ја намалуваат разликата во однос на лидерот Арсенал во трката за титулата во Премиер – лигата и сега заостануваат само четири бода зад лондончани со натпревар помалку.
Сити е домаќин на Арсенал на „Итихад“ следната среда, па „граѓаните“ практично ја држат судбината во свои раце.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













