Челси се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако на „Стемфорд бриџ“ ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0 и ја надомести негативата од еден гол (1-0) од првиот меч во Германија.
Рахим Стерлинг во 43.минута успеа да ја затресе мрежата на „милионерите“, а во вториот дел беше досуден пенал за Челси во 53.минута.
Каи Хаверц го погоди дирекот во првиот обид, но после интервенција од ВАР собата, затоа што неколку фудбалери побрзо влетаа во шеснаесетникот, судијата Дани Макиели го повтори ударот од белата точка. Германецот Хаверц беше поуспешен во вториот обид, Челси поведе со 2-0, а до крајот и успеа да ја сочуваа предноста за продолжување на патот во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













