Connect with us

ЛШ: Челси го декласира Јувентус, Барса тивка против Бенфика (ВИДЕО)

Европскиот првак Челси му возврати на Јувентус за поразот во Торино и го совлада со 4-0 на „Стемфорд бриџ“. Сега „сините“ се на врвот на табелата во групата и имаат најголеми шанси да останат таму и по последното коло кога му гостуваат на Зенит.

Тревох Чалоба во 25.минута го постигна водечкиот погодок, а Рис Џејмс во 55.минута зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Калум Хадсон – Одои само три минути подоцна. Во судиското продолжение и Тимо Вернер погоди за конечни 4-0.

Барселона не успеа да најде решение (0-0) за Бенфика, но, сепак, остана на втората позиција со седум бода, два повеќе од португалскиот претставник.

Севилја го совлада Волфсбург со 1-0, со голот на Хоан Џордан, а и Лил со идентичен резултат славеше над Салцбург. Стрелец на единствениот гол беше Џонатан Дејвид.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Јанг Бојс и Аталанта (3-3), а ремизираа и Малме и Зенит (1-1).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови