Салцбург ќе го пречека Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите, а двомечот е оценет како дуел на Давид против Голијат. Соседската пресмерка меѓу австрискиот и германскиот првак треба сериозно да натежне на страната на Баерн.
Салцбург ја брани честа на својата татковина откако стана првата екипа од Австрија која се пласирала во осминафиналето во Лигата на шампионите. Иако нема ѕвезди во својот состав, тимот има многу квалитетни млади фудбалери кои се инспирирани да се докажат пред светот. А нема подобра можност од тоа да се соочат со колос од рангот на Баерн Минхен.
Баерн доминантно дојде до осминафиналето. Германскиот шампион ги победи своите ривали во својата група Е, забележувајќи 6 победи од 6 натпревари со гол разлика 22-3. Покрај тоа, баварците самоуверено патуваат кон следна титула во Бундес – лигата, каде што имаат комформа предност на врвот.
33-годишниот тренер на домаќините Матијас Јесел има многу проблеми со составот за вечерашниот натпревар.
Не може да смета на Бејамин Секо, Златко Унузовиќ, Алберт Валичи, Брајан Око, Бернардо, Секу Којта и Осман Диакате, кои лечат разни повреди. Ова сериозно ја компликува неговата задача тимот да даде достоен отпор.
Во Баерн Минхен голем проблем е отсуството на голманот Мануел Нојер, кој ќе отсуствува следните 4-5 недели поради операцијата на коленото. Од плановите на Нагелсман отпаднаа и Алфонсо Дејвис и Леон Горецка, кои се уште се опоравуваат од повредите, како и Џамал Мусијала, кој е заразен со Ковид-19.
Сепак, јасно е дека Баерн Минхен е огромен фаворит во овој двомеч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













