
Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе биде стартер на дербито против Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите, иако дури во понеделникот вечерта доби „зелено светло“ за да биде на теренот.
Лекарскиот тим на „кралевите“ утврдил дека нема пречка Бензема да биде дел од последниот тренинг, но не одобрил Карло Анчелоти да го стави меѓу стартерите.
Италијанецот, сепак, ќе го направи тоа, а Бензема не би требало да биде на теренот повеќе од 60 минути. Тоа значи дека Анчелоти процени дека му е потребен Бензема како стартер, најверојатно ќе настапува со Винисиус Жуниор и Марко Асенсио, а во вториот дел да биде заменет со некој од резервистите како Лука Јовиќ.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот на „Паркот на принцовите“, додека реваншот е за три недели во Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
