Баерн Минхен вечерва го пречекува Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во еден од најинтригантните реванш натпревари од осминафиналната фаза од Лигата на шампионите. Баварците имаат предност од еден гол (0-1) по одличниот настап на „Паркот на принцовите“ пред три недели. Сепак, избраниците на Кристоф Галтие имаат право да се надеваат со оглед на квалитетот, иако гостуваат во реваншот.
Кингсли Коман, детето на ПСЖ погоди за Баерн на првиот меч, а непосредно пред крајот Бењамин Павар доби црвен картон и го остави германскиот тим со десетмина на теренот, но тоа не се покажа фатално за Баварците.
Свое влијание врз перформансите на парижаните имаше и фактот што Килијан Мбапе не беше во оптимална состојба на првиот натпревар, откако претходно беше повреден. Сега, сепак, Меси и Мбапе се во извонредна форма, иако третата ѕвезда во нападот на ПСЖ, Нејмар, поради тешка повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Тимот на Галтие постигна 11 гола на трите натпревари од првиот меч со Баерн, што им дава причина за оптимизам пред вечерашниот дуел.
Сепак, од сезоната 2010/11, Баерн Минхен не е елиминиран во нокаут фазата во Лигата на шампионите по победа на првиот натпревар. Дури 15 од нивните последни 17 натпревари во Европа, одиграни на „Алијанц арена“, завршија со победи на Баварците.
Баерн последен пат не успеа да постигне гол на домашен натпревар од Лигата на шампионите во април 2018 година.
ПСЖ ќе направи сѐ за да избегне елиминација во осминафиналето по петти пат во последните седум сезони. Парижаните напредуваа само еднаш во претходните шест наврати во Лигата на шампионите кога го загубија првиот натпревар.
Од октомври 2020 година, тимот не ја сочувал мрежата на гостински терен во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













