Connect with us

ЛШ: Баерн победи, ама ПСЖ оди во полуфиналето, заедно со Челси (ВИДЕО)

Европа ќе има нов првак во Лигата на шампионите. Баерн Минхен победи во Париз, но, сепак, минимално (0-1), па ПСЖ е патникот во полуфиналето на ЛШ. Максим Ерик Чупо Мотинг во 40.минута ја погоди мрежата на својот поранешен тим ПСЖ, но тоа не беше доволно за пласман понатаму, со оглед на поразот (2-3) на „Алијанц арена“.

ПСЖ имаше неколку шанси, Нејмар трипати ја погоди рамката од голот, во второто полувреме и Ди Марија се закани, но мрежата на Мануел Нојер остана мирна. Во финишот, Сане можеше на германски налчин да даде и втор гол, но Кејлор Навас спаси.

Порто во самата завршница постигна гол на „Стемфорд бриџ“ и го совлада Челси со 0-1, но попусто кога првиот меч го загуби со 0-2. Мехди Тареми во 94.минута постигна прекрасен гол со ножички за пирова победа на португалскиот тим.

ПСЖ и Челси се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови