
Баерн Минхен и Интер остварија победи и на реванш натпреварите против Баер Леверкузен и против Феенорд и заслужено се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, придружувајќи се на Барселона. На мегадербито меѓу Ливерпул и ПСЖ ќе има продолженија, откако францускиот тим возврати со 0-1 на „Енфилд“, идентично како што Англичаните славеа во Париз. Стрелец на голот беше Осман Дембеле во 12.минута.
Баерн Минхен и во реваншот успеа да го победи Баер Леверкузен со 0-2. Хари Кејн го отвори резултатот во 51.минута, а Алфонсо Дејвис ги потврди триумфот во 71.минута од дуелот.
Интер славеше со 2-1 во Милано против Феенорд, откако и во Холандија го доби мечот со 0-2.
Маркус Турам во осмата минута обезбеди водство за италијанскиот тим, но израмни Модер од пенал во 42.минута.
Во вториот дел беше досуден пенал и за Интер, а успешно го реализираше Хакан Чалханоглу во 51.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
