Арсенал на доминантен начиун го потврди пласманот во нокаут фазата во Лигата на шампионите откако на „Емирати“ го победи Ленс со 6-0. Избраниците на Микел Артета постигнаа дури пет гола во првото полувреме. Хаверц, Габриел Жесус, Сака, Мартинели и Одегард стрелаа во противничката мрежа, а во финишот на мечот Одегард го постави конечниот резултат реализирајќи пенал.
Реал Мадрид го победи Наполи со 4-2 на „Сантијаго Бренабеу“ и има максимални 15 бода. Елиф Елмас доби шанса да заигра од 65.минута на овој меч.
Џовани Симеоне го постигна голот за водство на Наполи, но потоа Родриго и Белингам свртеа за 2-1. Ангида на почетокот на вториот дел израмни на 2-2, но Николас Паз и Хоселу во финишот му донесоа триумф на Реал Мадрид.
Баерн Минхен не одигра на потребното ниво, па ФК Копенхаген извлече 0-0 на „Алијанц арена“. Идентичен резултат беше и на дуелот меѓу Реал Сосиедад и Салцбург.
Бенфика и Интер одиграа 3-3. Жоао Марио, поранешниот играч на Интер, постигна хет-трик за Бенфика во првото полувреме. Но, „нероаѕурите“ возвратија во вториот дел со головите на Арнаутовиќ, Фратези и на Алексис Санчез од пенал.
Брага и Унион Берлин одиграа 1-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski