Connect with us

Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио

Бизнисменот, политичар и сопственик на Лацио, Клаудио Лотито, одлучи да побара „виша сила“ за да му помогне на својот клуб.

Лотито смета дека неговиот тим нема доволно среќа уште од дербито со Рома, кога Лацио загуби, но и од оној шут што го погоди Каталди.

Сепак, несреќата на теренот не е единствената причина за повикување свештеник да го благослови клубот и терените каде се тренира и се игра.

Големиот број повреди исто така претставува сериозен проблем за Лацио. Сега и Николо Ровела ќе мора да оди на операција, што беше повод за Лотито да побара верска помош.


Пред тоа, тимот во период од два месеца имаше дури 10 мускулни повреди. Ровела треба да ја изврши операцијата во наредните неколку дена, што дополнително ја компликува ситуацијата во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови