Connect with us

Лоренцо Лука се скара со соиграчите и изведе пенал, па беше повлечен од игра (ВИДЕО)

Удинезе го победи Лече со 0-1 на гости, а голот донесе необична ситуација.


Удинезе доби пенал, а според планот на тренерот, изведувач требаше да биде капитенот Флориан Тован. Сепак, Лоренцо Лука одби да му го препушти пеналот и влезе во расправија со соиграчите.


Тој ја зеде топката и успешно реализираше од белата точка. Сепак, поради непочитување на одлуката на тренерот и караницата со соиграчите, беше повлечен од игра само четири минути откако го постигна голот во 32.минута.


На крајот, Удинезе освои три бода, но срамот за гостинскиот тим остана…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови