
Ливерпул подготвува нова „мега-понуда“ за Александер Исак по дуелот во Премиер – лигата со Њукасл. Наводно, англискиот шампион ќе достави голема нова понуда за Александар Исак, кој беше изоставен од составот на Њукасл од менаџерот Еди Хау, откако самиот најави дека не сака повеќе да игра во дресот на овој клуб.
Откако првата понуда од околу 130 милиони евра беше одбиена порано во преодниот рок, Ливерпул е подготвен да се врати со уште поголема – од 150 милиони евра, по натпреварот против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ во понеделник.
Се очекува премиерлигашкиот дуел да биде исклучително жесток со оглед на моменталните околности меѓу двата клуба, а Ливерпул сака да избегне дополнително вжештување на и онака непријателската атмосфера.
Затоа клубот ќе почека со каков било официјален потег до завршувањето на натпреварот, по што ќе се обиде да ги обезбеди услугите на 25-годишниот Швеѓанец.
Во клубот се уверени дека ставот на Њукасл ќе се промени по огромната понуда од 150 милиони евра, особено по неодамнешниот медиумски судир меѓу Исак и клубот.
Трансферите на Нејмар во ПСЖ (222 милиони евра) и на Килијан Мбапе во истиот клуб (180 милиони) би требало да останат единствените поголеми трансфери во историјата на фудбалот од овој потенцијален трансфер на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
