Connect with us

Ливерпул остана без Алисон Бекер во наредните шест седмици

Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе го пропушти следниот период од околу шест недели поради повреда на мускулот, која ја заработи при поразот од 0-1 против Галатасарај во Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.

Медицинските прегледи покажаа дека 33-годишниот Бразилец има повреда во задниот дел на бутниот мускул, а очекувањата се дека ќе биде надвор од теренот најмалку до репрезентативната пауза во ноември. Ова значи дека сигурно ќе го пропушти дербито со Челзи овој викенд, како и важните натпревари против Манчестер јунајтед (19 октомври), Реал Мадрид (4 ноември) и Манчестер сити (9 ноември).

Досега оваа сезона Алисон одигра девет натпревари, примајќи 12 голови и забележувајќи две „чисти мрежи“. Во негово отсуство, на голот ќе застане летното засилување на „црвените“, Ѓиорги Мамардашвили.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови