Англискиот Ливерпул е единствениот „голем“ клуб од петте најголеми првенства во Европа кој сè уште не направил ниту еден трансфер ова лето. Индолентноста на раководството на тимот од „Енфилд“ сериозно ги загрижи навивачите на „црвените“, кои нетрпеливо очекуваат некаков развој на трансферниот пазар.
Според последните информации од Островот, новиот менаџер на тимот Арне Слот бара да го има во составот англискиот репрезентативец Ентони Гордон од Њукасл. Интересот кон 23-годишниот офанзивен фудбалер не е нов, но досега преговорите не беа успешни.
Ливерпул е подготвен да издвои 60 милиони фунти за поранешниот фудбалер на Евертон, кој исто така е заинтересиран за можноста да го облече дресот на „црвените“.
Наредните денови ќе следи нова рунда преговори меѓу Ливерпул и Њукасл, а „црвените“ се надеваат дека овојпат ќе донесат многу поголем успех.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













