
Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да го ангажира шведскиот репрезентативец Александер Исак. Напаѓачот на Реал Сосиедад игра одлично оваа сезона, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, планира тој да ја зголеми конкуренцијата во навалната линија, но и да се осигура доколку некој од триото Салах – Мане – Фирмино одлучи да замине од „Енфилд Роуд“ по завршувањето на сезоната.
Ливерпул е подготвен да испрати понуда вредна 40 милиони евра до шпанскиот прволигаш за трансферот на Александер Исак. 22-годишниот напаѓач на десет натпревари постигна три гола.
Реал Сосиедад игра фантастично во Ла Лига и по 13 кола се наоѓа на врвот на табелата со 28 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
