
Англискиот премиерлигаш Ливерпул покажува интерес за крилниот напаѓач на Ница, Мохамед-Али Чо. „Црвените“ внимателно го следат 21-годишниот фудбалер и размислуваат за понуда во летниот преоден рок. Тој треба да биде долгорочна замена за Мохамед Салах.
Оваа сезона, Чо е еден од клучните играчи на „орлите“, со пет голови на 24 натпревари за францускиот тим.
Ница го доведе офанзивниот фудбалер од Реал Сосиедад летоска за 10 милиони евра. Неговиот договор е со важност од уште три и пол години.
Мохамед-Али Чо помина низ академиите на ПСЖ, Евертон и Анже, а во летото 2022 година потпиша за Реал Сосиедад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
