
Ливерпул има сериозен интерес за 18-годишниот крилен напаѓач на Реал Бетис, Асан Дијао, со цел да го ангажира во јануари. Тинејџерот е силно следен од голем број клубови по неговите одлични настапи во Ла Лига, а „црвените“ се насочени кон засилувања на крилните позиции поради можното заминување на Мохамед Салах.
По пристигнувањето во летото 2021 година на „Бенито Вилјамарин“, Асан Дијао брзо напредуваше низ младинските рангови на тимот и веќе е редовен стартер за Бетис, постигнувајќи три гола на четири натпревари досега оваа сезона.
Шпанскиот печат тврди дека Ливерпул веќе остварил контакт со клубот од Севилја и се очекува да ја плати трансферната клаузула од 30 милиони евра.
Во летото, Ливерпул одби понуда од 150 милиони фунти за Салах од Саудиска Арабија, но интересот од Блискиот Исток за првата ѕвезда на „црвените“ се очекува да биде сличен оваа зима и следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
