
Раководството на Ливерпул покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, информира француското издание „Л’Екип“. Според реномираниот медиум, Черки со сигурност ќе го напушти својот клуб, кој се соочува со финансиски проблеми.
Интерес за овој офанзивен играч од Лион има и од Пари Сен Жермен.
Веста за интересот на Ливерпул кон Французинот доаѓа во период кога клубот води преговори со својата голема ѕвезда, Мохамед Салах, за обновување на неговиот договор.
Сепак, засега нема значителен напредок во разговорите меѓу двете страни. Ако ова продолжи на ист начин, Салах за околу 45 дена ќе може да преговара со други клубови, бидејќи ќе влезе во последните шест месеци од договорот на „Енфилд“.
Се очекува Лион уште во јануари да започне со распродажба на својот тим, со цел да ги надмине финансиските тешкотии.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal