Connect with us

Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот

Раководството на Ливерпул продолжува да има целосна доверба во менаџерот Арне Слот, кој минува низ својот прв критичен период откако го наследи Јирген Клоп. По четирите последовни порази на шампионите, се појавија шпекулации дека иднината на Слот на „Енфилд“ можеби не е толку сигурна.


Сепак, во моментов нема никаква закана за Холанѓанецот и раководството останува цврсто уверено во неговата способност да го надмине тешкиот период.

Челниците на Ливерпул се 100% убедени дека тој е најдобриот менаџер кој може да се справи со оваа ситуација. Клубот е уверен дека тимот брзо ќе се врати на вистинскиот пат и има целосна доверба во Арне Слот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови