Ливерпул и Трент Александер-Арнолд постигнаа начелен договор за нов договор на англискиот интернационалец. Според информациите, 24-годишниот десен бек ќе добива повеќе од 200.000 фунти неделно.
Актуелниот договор на Трент има важност до летото 2025 година, но новиот ќе биде долгорочен, а сите детали ќе бидат официјално објавени од клубот наскоро.
Трент Александер-Арнолд има 73 асистенции и 16 гола на досегашните 273 натпревари за Ливерпул. Минатата сезона тој забележа десет асистенции и постигна четири гола на 47 настапи за „црвените“.
Англискиот репрезентативец штотуку се опорави од повредата што ја заработи против Астон Вила на 3 септември. Тој влезе во игра во 74. минута од пресметката со Тотенхем која Ливерпул ја загуби на драматичен начин со автоголот на Џоел Матип во 96. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













