Connect with us

Ливерпул и Баер го договорија мегатрансферот: Флоријан Вирц се сели на „Енфилд“ за 150 милиони евра

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа принципиелен договор за трансферот на германскиот бисер Флоријан Вирц, пренесува германските медиуми. Според неговите информации, двата клуба се договориле за сума од вкупно 150 милиони евра, вклучувајќи бонуси.

Фудбалерот веќе пред две недели ги договори личните услови со „црвените“, а сега останува само формалноста – медицинските прегледи и потпишување на договорот.

Претходно, Баер Леверкузен одби три понуди од Ливерпул за играчот кој беше прогласен за најдобар во Бундес-лигата минатата сезона.

Овој трансфер поставува три нови рекорди: најскапа продажба на играч во историјата на германската Бундес-лига, најскапо засилување во историјата на Ливерпул, најголем трансфер досега во Премиер – лигата.

Вирц ќе биде второто засилување за Ливерпул летово, по трансферот на десниот бек Џереми Фримпонг, исто така од Баер Леверкузен.
Клубот од „Енфилд“ е блиску до уште една аквизиција – левиот бек на Борнмут, Милош Керкез, кој би требало да пристигне во наредните денови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови