Ливерпул ги договорил сите услови со напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат неколку италијански медиуми.
Најдобриот стрелец во Серија А минатата сезона и еден од најзаслужните играчи за Скудетото на Наполи по 33-годишно чекање, ги наруши односите со клубот оваа сезона.
Наводно, тој не се согласува со новиот тренер Руди Гарсија, а скандал имаше и со луѓето кои ги водат социјалните мрежи на италијанскиот шампион, кои неколкупати го прозиваа преку видео снимки.
„Односите меѓу Осимен и Наполи речиси и да ги нема, Ливерпул прв стапи во контакт со фудбалерот и тој ги договори сите услови со нив да го добие нивниот дрес во 2024 година. Засега разговорот е на релација клуб – играч. нема официјални преговори меѓу двата клуба.
Доколку тргнат по Осимен, „црвените“ мора да бидат подготвени за рекорден трансфер, а се споменува минимално обештетување од 150 милиони евра.
Осимен моментно не игра за Наполи, бидејќи неодамна се повреди додека играше за Нигерија на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal