
Легендарниот тренер на Јувентус и италијанската репрезентација, Марчело Липи, ја сподели својата оценка за работата на актуелниот стратег на „бјанконерите“, Тијаго Мота. Тој призна дека очекувал повеќе од бразилскиот стручњак, особено по неуспесите во Лигата на шампионите и Купот на Италија.
„Очекував повеќе од Мота, особено во однос на неговиот карактер. Не сакам да го критикувам премногу, бидејќи тој прави добра работа и е одличен тренер. Но, клупата на Јувентус е како дресот – носи тежина со себе“, изјави Липи за „Газета дело Спорт“.
Тој ја коментираше и битката за титулата помеѓу Интер и Наполи.
„Според мене, Интер има капацитет да ја освои Лигата на шампионите. Антонио Конте го врати Наполи на нивото од времето на Лучијано Спалети. Не станува збор за магија, туку за квалитетна работа на врвен тренер. Иако Интер има потежок распоред, сепак има предност пред Наполи. Се сеќавам на времињата кога имав играчи што не сакаа да останат на клупа дури ни на пријателски натпревари“, додаде Липи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal