
Лионел Меси ја воодушеви публиката во Мајами со посебна прослава по голот со кој му помогна на неговиот Интер да ја победи Филаделфија Унион со 2-1. Aргентинскиот фудбалер ја посвети прославата на Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери на сите времиња.
Меси влезе во игра во 54. минута, а веќе по две минути успеа да го постигне клучниот погодок за водство од 2-0. По постигнатиот гол, славниот Аргентинец имитираше форхенд удар карактеристичен за Ѓоковиќ, што веднаш беше поврзано со нивната неодамнешна средба во Мајами.
🚨 احتفالية الأسطورة ميسي 😂🏓 pic.twitter.com/RszCx0IXgV
— Messi World (@M10GOAT) March 30, 2025
Неговиот гест ги воодушеви српските навивачи, кои со години го обожаваат Меси и Аргентина, а сега имаат уште една причина повеќе за симпатии кон славниот Аргентинец. „Браво, мајсторе!“, е коментарот што најчесто се појавува под многубројните објави поврзани со оваа прослава на „X“.
Ѓоковиќ вечерва ќе го игра финалето на Мастерсот во Мајами против Јакуб Меншик, а доколку победи, ќе ја освои својата јубилејна 100-та титула во својата величествена кариера. Не е исклучено дека на трибините повторно ќе се појави токму Меси и ќе му даде поддршка на српскиот тениски ас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
