Францускиот прволигаш Олимпик Лион би сакал да го купи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пишуваат италијанските медиуми. Според извори на „Тутомеркатовеб“, раководството на Лион во Елмас ја гледа замената за Лукас Пакета. Бразилецот до крајот на преодниот рок најверојатно ќе се пресели во Премиер – лигата.
Елмас оваа сезона исто така не е стартер во тимот на Лучијано Спалети, меѓутоа секако е многу важен играч во ротацијата. Наполи за него бара отштета од 40 милиони евра.
Интерес за Елиф Елмас има од Евертон и од Манчестер Јунајтед, како и од Спортинг Лисабон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski