Пари Сен Жермен на домашен терен го загуби дербито против (0-1) и му дозволи на конкурентот повторно да побегне на врвот на табелата во францускиот шампионат. Лил сега повторно има три бода предност пред составот на Маурисио Покетино.
ПСЖ потклекна на средината на теренот, премногу недостигаше Марко Верати кој е позитивен на Ковид-19, а Лил поведе по еден одличен противнапад што го реализираше Џонатан Дејвид во 20.минута од мечот.
Мбапе и Кин имаа можност за израмнување до крајот на полувремето, но голманот на Лил, Мајк Моње беше одличен.
Во финишот, црвени картони заработија Нејмар и Џиало, а триумфот го однесе Лил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













