
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе остане во редовите на премиерлигашот Лидс Јунајтед и во наредните три години, најавуваат медиумите на Островот. Иако има понуда од Галатасарај да замине во Турција по завршувањето на сезоната, а турскиот клуб му нуди и подобро лични услови, сепак, Џани Алиоски е решен да остане на „Иланд Роуд“ и да биде дел од најквалитетната фудбалска лига во светот.
„Дали Алиоски ќе остане во Лидс Јунајтед зависи само од него. Што се однесува до клубот, јасна и конкретна е намерата да го задржиме македонскиот репрезентативец“, изјави менаџерот Марсело Биелса.
Алиоски исто така потврди дека нема намера да си замине, туку да стави потпис на нов договор кој е веќе во завршна фаза на подготовка.
„Не размислувам воопшто за заминување од Лидс Јунајтед. Овде ми е одлично, играм во голем клуб во најдобрата лига на светот. Размислувам само како да освоиме бодови против Лестер“, изјави Алиоски.
Лидс Јунајтед подготви тригодишен договор за Езгјан Алиоски според кој левиот бек ќе заработува 90.000 фунти месечно. Се очекува официјалниот потпис на договорот да се случи до средината на февруари. Актуелниот договор на Алиоски истекува на крајот од сезоната и Лидс Јунајтед сака да го задржи на долг рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
