
Лидс Јунајтед ќе биде значително ослабен во наредните два месеци. Калвин Филипс имаше операција по повредата на тетивата која ја заработи на дуелот со Брентфорд и поради тоа нема да му биде на располагање на Марсело Биелса најмалку два месеци.
Лидс се соочува со голем проблем во клучниот дел од сезоната кога клубовите во Англија ги чека многу згуснат распоред на натпревари.
Калвин Филипс мораше да го напушти теренот по десетина минути игра на дуелот меѓу Лидс и Брентфорд (2-2), а оваа недела беше опериран. На истиот натпревар се повреди и Патрик Бамфорд и тоа при прославата на голот кој на Лидс му донесе бод на овој дуел. Работите да бидат уште полоши, тоа беше негов прв натпревар по пауза од речиси три месеци…
Лидс го очекуваат дуели со Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и со Астон Вила, а во моментов се наоѓа во долниот дел на табелата во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
