Заврши репрезентативната пауза, но за фудбалерите веднаш продолжуваат клупските обврски. Енис Барди вечерва има меч со Леванте на домашен терен против Хуеска во Ла Лига, а тренерот Пако Лопез е бесен затоа што најдобриот играч во средниот ред нема ниту 48 часа за да одмори и да се подготви за новите искушенија.
Тој треба практично од авион да го стави на терен – Барди повторно да игра.
„Ова не е нормално ова, само 48 часа после патувањето на гости, а потоа и враќање до Валенсија, јас треба да го ставам Барди повторно да игра. Тоа не е можно, тој не може да има рекуперација за толку кус период, а ако го употребам тогаш ризикувам негова повреда. Сега јас мора да бидам внимателен, а тој е играч на Леванте. Затоа сум многу бесен, како да го подготвам Енис Барди за вечерашниот меч“, изјави Пако Лопез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













