Лионел Меси ја освои „Златната топка“, а Роберт Левандовски доби признанието „The Best“ на ФИФА. Полјакот ја отвори душата и вели дека за него наградата на ФИФА е померодавна.
„Размислував за двете награди. И на крајот дојдов до заклучок дека наградата на ФИФА е позначајна. За „Златната топка“ пресуден е гласот на новинарите. Од друга страна, за наградата на ФИФА се слушаат гласовите на фудбалерите, тренерите и на новинарите. Капитените и тренерите можат многу пореално да ги оценат нашите игри бидејќи се дел од фудбалската игра. Но, не е дека не можам да спијам поради изборот за „Златната топка“. Особено затоа што сфатив дека тука игра улога и политиката. Резултатот од гласањето не може да влијае на мене. Единствено ми е важно да уживам во играта и да им помогнам на моите соиграчи да победат“ – изјави Левандовски.
Она што го привлече вниманието на наградата за најдобрите на ФИФА е тоа што Левандовски гласаше за најголемиот конкурент на Лионел Меси, додека Аргентинецот не го вклучи Полјакот меѓу првите тројца.
„Гласав за него затоа што го ценам тоа што го направи оваа година, како и претходните. Меси ми кажа дека гласал за мене на изборите за „Златната топка“. Зошто подоцна се предомислил? Не знам. Но, јас не се жалам. Тој ја донесе таа одлука и тоа е тоа. Но, вистина е дека ја прифатив уште полесно бидејќи на крајот ја добив наградата“, потенцира Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













