Connect with us

Левандовски се враќа во тимот на Барса за дуелот со Елче

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да се врати на теренот по повредата уште во недела, во натпреварот од 11. коло на Ла Лига против Елче, објави „Мундо Депортиво“.

Полскиот голгетер ги пропушти последните три натпревари на Барселона поради повреда на бутниот мускул, но веќе се врати на тренинзите со првиот тим.

Голманот Жоан Гарсија, кој исто така се опоравуваше од повреда, е блиску до враќање и би можел да се најде во составот за дуелот со Елче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови