Диего Симеоне ја следи ситуацијата со Роберт Левандовски многу внимателно и е подготвен да го доведе искусниот напаѓач во Атлетико Мадрид како слободен агент во текот на летото, тврдат полските медиуми.
Договорот на Левандовски со Барселона истекува по завршувањето на оваа сезона, а според информациите од Шпанија, каталонскиот клуб веќе донел одлука дека нема да му понуди нов и веќе бара друга „деветка“. Во минатото, на сличен начин, Атлетико имаше искуство со други поранешни напаѓачи на Барселона, меѓу кои Луис Суарез и Давид Вилја.
Милан исто така е опција за Левандовски, но според полските медиуми, многу е поверојатно голгетерот да помине една сезона во Атлетико Мадрид.
Искусниот напаѓач има понуди и од Саудиска Арабија и од САД, но негов приоритет е да остане во Барселона, дури и ако тоа значи да има помала улога и да мора да ја намали платата. Затоа тој ќе ја чека конечната одлука на раководството на каталонскиот клуб, кое сепак е загрижено поради честите повреди на Левандовски во последно време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













