Connect with us

Левандовски го откри својот фаворит за СП во Катар

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го откри својот фаворит за титулата на Светското првенство 2022 година кое започнува за еден месец. Според полскиот интернационалец, Аргентина е една од селекциите со најголеми шанси да го подигне трофејот во Катар.


Левандовски призна дека со огромен интерес ја очекува пресметката со Лионел Меси и друштвото.
Аргентина и Полска се во иста група, заедно со Саудиска Арабија и со Мексико.

„Нема потреба многу да се зборува кога е Аргентина во прашање. Тие се фантастичен тим и еден од фаворитите за освојување на титулата. Со легенда како Лео Меси, нема сомнеж дека тоа ќе ни биде најтежок меч“, изјави Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови