Рома официјално го објави ангажманот на крилниот напаѓач Леон Бејли од Астон Вила. Трансферот на 28-годишниот фудбалер е историски, бидејќи тој станува првиот играч од Јамајка во историјата кој ќе го носи дресот на римската „волчица“.
Бејли пристигнува во Рома како позајмен играч со опција за откуп. Италијанците првично ќе платат околу 2 милиони евра на Астон Вила, а подоцна ќе имаат можност да го задржат трајно за дополнителни 22 милиони евра. Во новиот клуб ќе го носи бројот „31“.
Крилото се пресели во Астон Вила во летото 2021 година од Баер Леверкузен за нешто над 30 милиони евра, но никогаш целосно не се наметна во составот, па двете страни се разделуваат. За тимот од Бирмингем одигра вкупно 144 натпревари, постигна 22 гола и забележа 24 асистенции, но минатата сезона успеа да даде само два погодоци.
Роден во Кингстон, Бејли се преселил во Европа на 13-годишна возраст, а како професионалец настапувал и за Генк. За репрезентацијата на Јамајка има 39 настапи и седум голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













