Connect with us

Ленс му го нанесе првиот пораз на ПСЖ и се доближи на само четири бода (ВИДЕО)

Актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен го доживеа првиот пораз оваа сезона и неславно ја започна 2023 година. „Светците“ загубија од Ленс на гости со 3-1, а ривалот сега се доближи само на четири бода во однос на ПСЖ во трката за шампионската титула во Франција.

ПСЖ на ова гостување беше без Лео Меси, кој има продолжен одмор по Мундијалот, и без Нејмар кој доби црвен картон на претходниот меч.

Франковски во петтата минута донесе водство за Ленс, но израмни Екитике само три минути подоцна.

Сепак, Лоис Опенда во 28.минута донесе нова предност за Ленс, а триумфот го потврди Алексис Клод-Морис во 48.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови