Connect with us

Леганес се жали на судењето со Реал: „Ограбени сме“ (ВИДЕО)

Речиси нема коло од почетокот на сезоната по кое не се појавуваат критики за судењето во корист на Реал Мадрид, па така е и сега, а се жали Леганес.

Судијата на натпреварот во кој Реал го победи Леганес доби најниска оценка, што дополнително ја вжешти ситуацијата и им даде аргументи на гостите, кои бурно реагираа по мечот.
Леганес на својот официјален профил на Твитер напишаа дека биле „ограбени“, а и медиумите изразија сомнеж во одлуките на судиите.

Особено спорна беше ситуацијата во судиското продолжение, кога Раул Асенсио ја промаши топката и, според мислењето на гостите, го закачи противничкиот играч.

За сè се огласи и тренерот Борха Хименез.

„Не сакам да навлегувам во тоа. Сакам да им верувам на судиите, но овојпат немавме среќа со судењето. На овој стадион единствено Барселона победила, а Атлетико единствено освоил бод, и мислам дека и ние заслуживме да останеме непоразени, па дури и да победиме. Се надевам дека по сето ова ќе бидеме уште посилни“, изјави тренерот на Леганес.

Погледнете уште еднаш ситуациите поради кои Леганес остро реагира на судиите и проценете сами… Освен можниот пенал во продолжението, спорни беа и претходниот дуел кога Белингам го собори напаѓачот на Леганес, како и прекршокот врз Родриго при третиот гол…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови