
Јувентус има очајна сезона во Италија, но затоа се уште има надежи за добро претставување во Лигата на шампионите. Тренерот Масимилијано Алегри сака да направи големи промени во средниот ред и планира да го доведе Леандро Паредес од Пари Сен Жермен.
Стратегот на „старата дама“ не е задоволен од Рамзи и од Артур, па двајцата најверојатно ќе го напуштат Торино во зимскиот преоден рок. Тоа треба да ослободи место за Леандро Паредес на кого Алегри ќе му понуди да биде главен двигател на тимот.
Аргентинецот не е задоволен од својот статус во ПСЖ и сака да ја промени средината, а има претходно искуство во Серија А и би бил одлично засилување за „бјанконерите“.
Јувентус ќе се обиде да го доведе Паредес на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
