Манчестер Јунајтед ја оствари првата победа во Лига Европа откако го совчада Шериф Тираспол на гости со 0-2. Џејдон Санчо го отвори резултатот, потоа Кристијано Роналдо погоди од пенал за потврда на триумфот.
Лацио беше декласиран (5-1) на гости кај Митјиланд. Паулињо, Каба, Евандер, Исаксен и Свјаченко беа стрелци за Данците, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ погоди за „лацијалите“.
Трабзонспор ја победи Црвена Звезда со 2-1, а Енис Барди влезе во игра во 60.минута. Марек Хашик беше стрелец на првиот гол, а Трезеге зголеми на 2-0. Кангва доби црвен картон во тимот на Црвена Звезда, а намали Вељко Николиќ во 89.минута.
Феенорд го здроби Штрум со 6-0, а Монако загуби дома од Ференцварош со 0-1. Реал Сосиедад ја победи Омонија со 2-1.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












