Барселона и Наполи ремизираа (1-1) на „Камп Ноу“ во првиот осминафинален дуел од Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен меч и беше асистент на погодокот на Пјотр Зиелински во 29.минута со кој гостите поведоа. Барселона израмни од пенал, со погодокот на Феран Торес во 59.минута од натпреварот.
Борусија Дортмунд доживеа убедлив пораз (2-4) на домашен терен од Глазгов Ренџерс. Првиот погодок беше дело на Таверние од пенал во 38.минута, а само три минути подоцна погоди и Морелос. Тој во второто полувреме уште еднаш ја затресе мрежата на „милионерите“, а погоди и Лундстрам. За Борусија Дортмунд стрелци на овој меч беа Белингем и Гвереиро.
Шериф Тираспол ја совлада Брага со 2-0, а македонскиот репрезентативец беше стартер во својот тим. Тил од пенал донесе водство за Шериф, а вториот гол го постигна Траоре.
Бетис на гости славеше против Зенит со 2-3. Родригез, Вилијан Хозе и Гвардадо беа стрелци за шпанскиот тим на овој меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













