
Манчестер Јунајтед со пораз ја стартуваше групната фаза во Лигата на Европа. Тимот на Ерик тен Хаг загуби (0-1) на „Олд Трафорд“ од Реал Сосиедад. Брајас Мендез од пенал во 59.минута го совлада Давид де Хеа.
Српскиот првак Црвена Звезда исто така загуби дома (0-1) од Монако. „Кнезовите“ славеа со голот од пенал што го постигна Брил Емболо во 74.минута од дуелот.
Енис Барди и Трабзонспор се поразени со 3-2 на гости кај Ференцварош. Барди беше стартер, а одигра едно полувреме на овој меч.
Шериф Тираспол беше убедлив на гости (0-3) против Омонија на Кипар. Овој меч беше и во прекин откако навивачите на Омонија го погодија од трибините помошниот судија. Нант беше подобар од Олимпијакос со 2-1. Фрајбург исто така со 2-1 го надигра Карабах. Штурм минимално славеше над Митјиланд со 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal