
По ждрепката за Лигата на шампионите, во седиштето на УЕФА во Нион беше одржано извлекувањето за осминафиналето во Лигата на Европа.
Манчестер Јунајтед доби предизвикувачки противник во Реал Сосиедад, Тотенхем ќе се бори со АЗ Алкмар, а римските ривали, Лацио и Рома, успеаја да се избегнат.
Жозе Мурињо и Фенербахче ќе се соочат со шкотскиот Ренџерс, додека Ајакс ќе има тежок дуел против германскиот Ајнтрахт Франкфурт. Единствениот тим од Источна Европа, романскиот ФЦСБ, ќе игра против Лион.
Првите натпревари ќе се одиграат на 6 март, додека реваншите се закажани за 13 март.
Двојки за осминафиналето во Лигата на Европа
🔹 Плзен – Лацио
🔹 Бодо/Глимт – Олимпијакос
🔹 Ајакс – Ајнтрахт Франкфурт
🔹 АЗ Алкмар – Тотенхем
🔹 Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед
🔹 ФЦСБ – Лион
🔹 Фенербахче – Ренџерс
🔹 Рома – Атлетик Билбао

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
