Connect with us

„Лавовите“ ги претставија Крстовски и Младеновски: „Дабл Марио“ за посилна Македонија ЃП

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП ги претстави двете најнови засилувања кои ќе го носат дресот на „лавовите“ во претстојната сезона. Тоа се напаѓачот Марио Крстовски и дефанзивецот Марио Младеновски кои како позајмени играчи ќе играат за Македонија ЃП.

Марио Крстовски доаѓа од Зрињски каде потпиша ова лето како слободен агент од Академија Пандев, додека Марио Младеновски беше член на бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

Сигурно дека „дабл Марио“ ќе донесат нов голем квалитет во составот што го предводи Александар Таневски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови