Connect with us

Лаутаро Мартинез бара 10 милиони евра годишна плата, Интер нуди „само“ 8 милиони

Продолжуваат преговорите за нов договор меѓу Интер и напаѓачот Лаутаро Мартинез, а двете страни сѐ уште не постигнале договор за клучните прашања, пренесува „Газета дело спорт“.


Капитенот на тимот сака да го продолжи актуелниот договор со годишна плата од 10 милиони евра. Сепак, лидерот во италијанската лига нуди „само“ 8 милиони евра по сезона за еден од клучните играчи.

Аргентинецот, кој ја освои титулата на Светското првенство во 2022 година, им се приклучи на „нероаѕурите“ во 2018 година. Оттогаш, 26-годишниот Мартинез за миланскиот гигант има 267 натпревари, 124 гола и 41 асистенција.

Актуелниот договор на Лаутаро со Интер е до летото 2026 година.

Француските медиуми најавуваат дека Пари Сен Жермен на лето со сите сили ќе тргне по Лаутаро Мартинез и подготвен е да плати отштета од 150 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови