Connect with us

Лапорта: Во Реал се заболени од „барселонит“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, упати остри критики кон Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перес, со порака дека Кралевите страдаат од „барселонит“.

„Сега се потсетив на изјавите од Генералното собрание на Реал Мадрид, кои претходно немав можност да ги коментирам, но сега ќе го сторам тоа“, започна Лапорта.


„Мислам дека тие се надвор од фудбалската игра и покажуваат колку се опседнати со Барселона. Изгледа дека мораат постојано да зборуваат за нас за да оправдаат нешто. Тие постојано се вмешуваат во судскиот процес за „случајот Негреира“, кој го протегаат бесконечно, знаејќи дека нема основа. Тоа е начин да се оправда нешто што не е вистина: Барса никогаш не купувала судија, а генерално судиите не ни помагаат. Цел живот го фаворизирале Реал Мадрид. Да не одиме подалеку, во последното коло во Ла Лига (2-2 против Елче), беа признати два гола кои не требаше да важат. За мене е јасно дека Џуд Белингам играше со рака при едниот, а Винисиус јуниор при другиот го скрши носот на Ињаки Пења. Двата гола не требаше да бидат признати и Барса сега ќе беше лидер во Ла Лига“, изјави Лапорта.

„Во Реал Мадрид има вистинска опсесија против најуспешниот период во историјата на Барселона, таканаречен „барселонит“. Не им се допадна што Барса беше светски пример од 2004 до 2015 година, кога клубот доминираше, и сега бараат оправдувања кои не водат никаде. Бевме тим кој играше најквалитетно, признат, почитуван и сакан за начинот на кој игравме. Бевме ценети за достигнувањата и за начинот на кој ги остваривме. Освоивме многу титули и играта на Барса беше предмет на восхит низ целиот свет, па нема потреба да бараат изговори како „лоши плчаковци“. Со сето ова, сега ќе бевме лидери“, дополни претседателот на Барселона.

Лапорта додаде дека критиките на Реал кон Тебас го натерале да размислува, сугерирајќи дека тие сакаат да го сменат и да постават некој друг на функцијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови